X
 14.08.2017 Култура

Кои писатели заработуваат најмногу?


Стивен Кинг
(Фото: Youtube)


Форбс“ ја објави листата со десет писатели што најмногу заработиле во периодот од јуни 2016 до јуни 2017 година. На листата се наоѓаат некои „стари“, добро познати имиња за фановите на книжевноста, но и неколкумина „новајлии“.

10. Рик Риордан/Даниел Стил


Авторот на серијалот „Перси Џексон“ им ја приближи грчката митологија на новите генерации, а ова место го споделува со Даниел Стил, фамозната авторка на женските „љубовни романчиња“. И дваjцата минатата година заработиле по 11 милиони долари.



9. Е. Л. Џејмс


Иако долго време не објавила ништо ново, а критиката ѝ го „закопа“ филмот „Педесет нијанси сиво“, како и неговото продолжение, жената која ни донесе хит еротски серијал и натаму се наоѓа на оваа листа со заработка од 11,5 милиони долари.



8. Пола Хокинс


Британската писателка за само една година продаде повеќе од два милиона примероци на својот хит криминален роман „Девојката од возот“. Кон успехот придонесе и филмската адаптација, а Хокинс инкасира 13 милиони долари.



7. Нора Робертс


„Кралицата на романтични романи“ се смета за еден од најуспешните самостојни претприемачи во Америка, која само минатата година заработи 14 милиони долари.


6. Џон Гришам

Сјајниот автор на криминални романи минатата година заработи 14 милиони долари, а „Форбс“ му предвидува повисока позиција идната година затоа што новиот  трилер „Островот Камино“ веќе хара по топ-листите.

Surprise for my mumma...her favorite author #johngrisham

A post shared by melissa george (@melissageorgeofficial) on


5. Стивен Кинг

Минатата година јубилејниот 55. роман „Крајот на стражата“ е продаден во 1,9 милион примероци само во Америка! Господарот на хоророт оваа година ќе ја претстави и долгоочекуваната адаптација на неговиот роман „Тоа“, а од 2017 година тој ќе излезе побогат за 15 милиони долари.



4. Ден Браун


Интересно е дека писателот кој се прослави со „Кодот на Да Винчи“ минатата година не објави ништо. Најголемиот дел од неговата минатогодишна заработка (вкупно 20 милиони) го чини авансот за новиот роман „Потекло“, кој „Форбс“ го проценува со осум цифри.



3. Џеф Кини

Авторот на серијалот „Diary of a Wimpy Kid“ (Дневникот на смотаното дете) веќе десет години напредува на листата, а минатата година заработи дури 21 милион долари.



2. Џејмс Патерсон

Најбогатиот писател на Америка на годишно ниво само во таа земја продава речиси десет милиони примероци од своите дела! Минатата година тој ги продаде правата за адаптација на повеќе свои приказни, а добил огромен аванс за трилерот што го пишувал заедно со Бил Клинтон. Заработил 87 милиони долари.



1. Џ. К. Роулинг

Британската писателка со својата „магија“ дојде на врвот од оваа листа! За нејзината заработка од неверојатни 95 милиони долари придонесе и холивудскиот хит „Фантастични ѕверки и каде да ги пронајдете“, забавен парк во стилот на Хогвортс во студиото на „Универзал“, но и претставата „Хари Потер и проколнатото дете“ која, барем на Вест Енд, е распродадена до средината на идната година!


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура