X
 07.05.2019 Економија

Најбогатите земји во светот

Светот станува сè побогат, а со тоа стануваат побогати и најбогатите поединци во најбогатите држави.

Приватното богатство е околу 204 билиони долари, се вели во извештајот на „Њу ворлд велт“ од 2018 година. Се проценува дека бројот ќе порасне за 43 отсто до 2028 година и ќе достигне 290 билиони долари.

Сепак, постојат земји што се далеку побогати од останатиот дел од светот.

Највисоката концентрација на богатство во најбогатите земји беше поттикната од мали популации, поволни даночни структури - и во поглед на даноците на доход и корпоративните даноци и високите цени на недвижностите, кои привлекуваат богати поединци.

Ова се земјите со најголем дел од богатството, по глава на жител:

1. Монако

Лоцирано помеѓу Франција и Медитеранот, Монако стана добро позната резиденција за супербогатите. Станува збор за една од најмалите земји во светот со околу 40.000 жители - но има богатство од 2,1 милиона долари по глава на жител.

Голем број од жителите (околу 2.700) се мултимилионери. Фактот дека е една од земјите во светот без данок на приход ги привлекува богатите поединци. Освен тоа, земјата служи како офшор-центар за Европа, привлекувајќи многу финансиери со висока заработка.

2. Лихтенштајн


По Монако, уште една од најмалите држави на светот има второ најголемо богатство по глава на жител од 786.000 долари.

Лихтенштајн се наоѓа во срцето на Алпите, помеѓу Австрија и Швајцарија. Во оваа земја компаниите подлежат на даночна стапка од 12,5 отсто, а земјата има данок на додадена вредност од 8 отсто.

швајцарија
Фото: Shutterstock

3. Швајцарија


Швајцарија е рангирана на третото место меѓу земјите со најголемо богатство по глава на жител од 315.000 долари.

Веќе долго време Швајцарија се смета за даночен рај за компаниите поради нејзината поволна структура и релативно ниска корпоративна стапка. Освен тоа, земјата има релативно рамна даночна стапка на данок и не ги оданочува капиталните добивки.

4. Луксембург


Луксембург, мала европска земја, се најде на четврто место според богатството по глава на жител со 300.000 долари.

Земјата се наоѓа меѓу Белгија, Франција и Германија. Според магазинот „Форбс“, Луксембург има околу 600.000 жители и се најде на 23. место меѓу најдобрите земји за бизнис.

zemji
Фото: Unispalsh

5. Австралија


Од помалите земји во светот се префрламе на една од поголемите. Австралија се најде на петтото место на листата, а богатството по глава на жител е 244.000 долари.

Меѓу првите 10 земји се и:

6. Норвешка со 198.000 долари по глава на жител.

7. Америка со 186.000 долари по глава на жител.

8. Сингапур со 177.000 долари по глава на жител.

9. Хонг Конг со 169.000 долари по глава на жител.

10. Канада со 163.000 долари по глава на жител.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија