Денес е среда, 16 август 2017 година, 228-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:37, а ќе зајде во 19:36 часот. Денот ќе трае 13 часа и 59
минути.
И ова утро во Македонија имаме ведро и свежо утро иако во најголем дел
веќе утринските температури се во границите на просекот, освен на
повисоките предели каде што имаме пониски утрински температури.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со појава на
локална облачност, ветровито и малку потопло време. Во попладневните
часови во регионите околу Скопска Црна Гора, Шар Планина како и Беласица
и Малешевијата на исток постојат услови за развој на нестабилност која
што може да услови сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува
доумерен слаб североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина
и до 30 км/ч. Утринските температури од 10 до 22 степен, додека пак
максималните дневни од 25 до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална
облачност и топло време. Ќе дува доумерен слаб северен ветер.
Утринската температура од 18 степени, додека пак максималната дневна ќе
достигне до 33 степени. УВ индекс 8.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претежно сончево време со појава на
локална облачност и топло време. Попладне во регионот на Шар Планина со
услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури од 26 до 36
степени. Во петок и сабота сончево и топло време со максимални дневни
температури кои што ќе се движат од 27 до 37 степени, односно од 29 до
38 степени. Во недела претежно сончево и топло време. Попладне појава на
локална облачност која што во северозападните и западните предели може
да услови развој на нестабилност која што ќе донесе врнежи од дожд и
грмотевици. Максималните температури од 28 до 37 степени.
Weather4all.com.mk