X
 16.08.2017 Култура

Се сеќавате на оваа банкнота?

пари лик

Како посвета на претстојната стогодишнина од Октомвриската револуција, веќе се одржани неколку изложби во Лондон.

Кралската академија во Лондон ја одржа изложбата: „Револуција: Руска уметност 1917-1932“ со теза: руската уметност од тоа време ги помести границите, и на едно место, во епоха која го означила крајот на царската власт и го промени руското општество“.

Во Британската библиотека на изложбата „Слобода и револуција: Русија 1917“ биле изложени и дневникот на Николај Александрович Романов, последниот руски цар, говорот на Леон Троцки и слично.

Новата изложба закажана за октомври, паралелно со годишнината, ја подготвува Британскиот музеј. Нејзиниот наслов е „Валутата на комунизмот“, а ќе бидат прикажани постери, медали и банкноти од комунистичките земји.

Во интервју за британски „Гардијан“, кураторот на изложбата, Том Хокенхул, вели дека банкнотата од поранешна Југославија, на која се наоѓа насмеаното лице на добриот, вреден работник Ариф Хералиќ, ќе биде претставена на изложбата. Хералиќ бил дел од групата работници снимени во Зеница во 1954 година.

Херојската слика на таткото на единаесет деца, работник во железарница на висока печка, се наоѓала на југословенската банкнота повеќе од две децении.

„Помалку инспиративна, тој се бореше со алкохолизмот и почина сиромашен во 1971 година“, вели кураторот Том. Неговиот лик најпрво се наоѓал на банкнота од 1.000 југословенски динари, а подоцна и на банкнота од 10 динари. Сликата била направена од фоторепортерот Никола Бабиќ.

Банкнотите што ќе бидат прикажани на изложбата ќе прикажуваат фармери, работници, ентузијастички војници, интелектуалци, полиња, фабрики, железници...

Кураторот на изложбата вели дека дизајнот на банкнотите од комунистичките земји е поквалитетен од оние од западните земји во тоа време. „Пораснав во Велика Британија, во капиталистичко општество. Ова за мене е сосема поинаков поглед на светот“, вели тој.

На изложбата ќе бидат изложени и банкноти од Кина, поранешна Источна Германија, од Куба, банкноти потпишани од Че Гевара, поранешно СССР, Украина...
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура