X
 21.11.2023 Економија

Колку ќе заработевте ако инвестиравте во биткоин на почетокот?

Биткоинот неодамна го прослави 15. роденден, а некои среќници имаат причина за славење. Од неговото прво излегување на берзата, вредноста на овој токен се зголеми за неверојатни 3.449.989.839 отсто. Денес сите биткоини во светот вредат над 670 милијарди долари.

Оваа криптовалута беше создадена во 2008 година. Визијата беше да се создадат еден вид електронски пари кои би овозможиле плаќање без поминување низ банки или други финансиски институции. Првата забележана трансакција на размена на биткоини се случи во 2009 година, кога некој испрати 5.050 биткоини на друга локација и за возврат доби 5,02 долари.

Во однос на таа почетна цена од околу една десеттинка од цент, криптовалутата досега порасна за над 3,4 милијарди отсто. Таа прва инвестиција од 5 долари денес би вредела над 173 милиони долари. Дури и доколку сте почнале да тргувате неколку години подоцна, би заработиле многу до денес.

Што понатаму?

Во последно време инвеститорите тврдат дека веројатното започнување на биткоински фонд со кој би се тргувало на берза ќе донесе нови пари на пазарот. Други експерти мислат дека бројот на биткоини ќе се намали за да порасне неговата вредност.

Како што гледаат ентузијастите, токенот ќе продолжи да расте, но работите би можеле да одат во спротивна насока бидејќи другите криптовалути добиваат на сила и некои влади се обидуваат да го отстранат.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија