Фото: Thinkstock
Јапонска компанија за производство на машинска опрема и владина организација соопштија дека успеале да произведат електрична енергија со помош на океанската струја.
Компанијата „IHI“ и Организацијата за развој на нови видови енергија и индустриска технологија „NEDO“ спроведоа истражување на брегот на префектурата Кагошима на југозападот од Јапонија. Во соопштението се наведува дека морските струења ја придвижиле турбината на експерименталниот генератор кој бил сместен на длабочина од 20–50 метри под површината на водата.
При овој
експеримент успеале да произведат до 30 киловати електрична енергија