Во богатите општества сè повеќе се користи соларната енергија, а Швеѓаните го намалија данокот на овој вид енергија за цели 98 проценти.
Одличен пример кој доаѓа од оваа земја е станбениот комплекс во Линшепинг кој користи соларна енргија што самите ја произведуваат за сопствени потреби, а вишокот го нудат на пазарот и така заработуваат дополнителни средства.
Покривот на оваа зграда е прекриен со високо-ефикасни фотоволтаични панели кои произведуваат струја повеќе од реалните потреби на станарите.
Инаку, зградата е проектирана од студиото
Kjellgren Kaminsky Architecture, а целта им била да ја креираат во традиционален стил како и повеќето згради во околината, со вообичаените рамки за прозорци од месинг типични за тоа поднебје, но истовремено да поседува и современ начин за обезбедување на потребната енергија за станарите.
Ентериерите во становите се светли и едноставни, а благодарејќи на високите тавани изгледаат многу пространо.
Зградата поседува и внатрешен раззеленет двор со клупи за дружење и одмор за станарите.