X
 25.08.2017 Култура

Пред финалето на „Игра на троновите“: Ова се најлудите теории

Уште само два дена и ќе го дознаеме епилогот од битката зад Ѕидот, плановите на главните играчи на Вестерос и уште многу работи.

серија
Фото: Youtube

Претпоследната епизода од седмата сезона е најавена како најдолгата епизода досега и ќе трае повеќе од 80 минути.

Ви ги претставуваме најверојатните, но и најневеројатните теории за продолжението на случувањата во серијата.

Теорија 1: Арија ќе го убие Малопрст Бејлиш


Но не само затоа што е ѓубре кое се обидува да ги раздели сестрите и после неколку години раздвоеност, туку поради сосема друга причина.

Потребно ѝ е лицето на Бејлиш за да може да ги предводи витезите на Ерин во понатамошните битки. Меѓутоа, тука постои проблем - доколку го направи тоа, а Санса дознае што се случило, одлично. Но ако Санса не знае за тоа, Арја ризикува нејзината сестра да ја прободи со ножот што таа лично ѝ го даде, мислејќи дека е Малопрст.

Теорија 2: Пресметката на Клегејнови


Загарот уште од детството чека одмазда поради губење на половината од неговото лице, кога неговиот брат Планината го турна во оган. Сега би можел да ги добие неговите пет минути. Неизвесно е кој ќе излезе како победник бидејќи Планината повеќе не е обичен човек.

Теорија 3: Серсеј и огнот


Според една теорија, Серсеј ќе се обиде да ги запали сите присутни на наводната средба за примирје, и тоа со див оган, што на семејството Ланистер досега му донесе голема победа. Ако оваа теорија е точна, тогаш фановите ќе бидат разочарани бидејќи мал број луѓе ќе останат живи. Меѓу нив се Џон Сноу и Денерис Таргариен.

Теорија 4: „Змејот и волкот“

Водени од претходната теорија, лесно може да се претпостави дека насловот „Змејот и волкот“ е токму Џон Сноу. Или можеби не?

Веќе некое време се шушка за уште едно враќање на Брен Старк во минатото. Бидејќи уште од 2017 година луѓето повеќе ги следат социјалните мрежи отколку што ги читаат книгите, тие забележале дека актерката што ја глуми Лијана Старк започнала да следи еден глумец на „Твитер“ токму кога започнало снимањето на седмата сезона. Актерот е Вилф Сколдинг, за кој се верува дека ќе го игра Регар Таргариен.

Значи, ако тие двата се „змејот“ и „волкот“, можеби конечно ќе ја дознаеме вистината за настаните помеѓу Регар и Лијана, бидејќи до денес не е точно потврдено - дали тоа било љубов, киднапирање и силување. Ако навистина го видиме Сколдинг во последната епизода, ќе го имаме одговорот на ова прашање.

Теорија 5: Трите глави на змејот



Дали тројца луѓе нема да изгорат, и дали името на третиот ќе биде најголемиот шок во цела сезона?

За оние што не знаат, се шпекулира дека Тирион Ланистер е Таргариен.

Сите оние што се расправале за сцената во која Џон Сноу го гали змејот, можеби заборавиле дека постои уште една личност што ја прифатиле змејовите. Тирион веќе ги одврза, нахрани, ги погали и остана жив.

Според пророштвото, змејот има три глави, односно трите змеја треба да имаат три јавачи. Првиот јавач очигледно е Денерис, вториот Џон Сноу и третиот Тирион Ланистер.



Во книгите, лудиот крал Ерис II Таргариен бил лудо заљубен во Џоана Ланистер, сопругата на Тајвин. Кога се венчале, тој се испијанил и жалел што повеќе не постои традиција по која најпрво кралот спие со невестата, а после него мажот. Според теориите од книгата, Ерис е можеби татко на Тирион. Ова објаснува и зошто Тајвин го мразеше Тирион целиот живот и неколку пати и во серијата и во книгата му рече дека не е негов син.

Теорија 6: Колку змејови?


Сега ќе речете, но еден змеј се претвори во зомби? Да, но во книгата се споменуваат и ледени змејови. Висерион, кој Ноќниот крал го претвори во „зомби змеј“, би можел да е наменет за Џон Сноу.

Во книгите на Џорџ Р.Р. Мартин постојат ледени змејови кои се многу помоќни од огнените.

Мартин, уште во 1980 година, долго пред „Песни за мраз и оган“ ја напишал детската книга „Леден змеј“. Во неа, девојчето која е „дете на зимата“ се спријателува со ледениот змеј и тој ѝ помага да ги победи „обичните змејови“.

Звучи познато...

Во книгите „Песни за мраз и оган“, Џон често сонува ледени змејови. На небото над Вестерост постои и соѕвездие на Ледениот змеј, кој Брен, Оша, Сем и Џили го користат за да се снајдат во ноќта. А Џон често гледа во него и чувствува утеха.

Постојат и полуди теории, а според нив, Висерион ќе остане со Белите шетачи, но Џон ќе има свој леден змеј. Според една теорија, неговиот змеј е замрзнат во езерото во Винтерфел, а според друга, џиновскиот леден змеј со магија е заробен во внатрешноста на Ѕидот.

Теорија 7: Брен е Ноќниот крал



Како што знаеме, Децата на шумата ги создале Белите шетачи за да им помогнат да се борат против Првите луѓе. Но кога Брен прашал од што се направени, еве што добил како одговор:

„Бевме во војна. Бевме масакрирани. Нашето свето дрво беше исечено. Моравме да се одбраниме“, му вели Лист на Брен.

„Од кој?“ - ја прашува Брен.

„Од вас“, - одговара таа.

Бидејќи Лист оваа реченица ја кажува на англиски, таа му вели „from you“, што на англиски не е дефинирано како множина или еднина. Што значи, можеби вели „од вас“, а можеби и „од тебе“.

Во шестата сезона, кога Брен гледа како биле создадени Белите шетачи, неговата позиција е „слика во огледало“ на позицијата на Ноќниот крал - потег што многу фанови мислат дека е намерен, за да покажат дека станува збор за едно лице.

Теорија 8: Планот на Белите шетачи



Многу фанови се изнервирани од фактот што сите луѓе во серијата шетаат низ Вестерос како да имаат чартер-летови, додека Белите шетачи поминуваат по еден сантиметар на два дена.

Ова можеби не е манифестација на недоследност на сценариото, туку таков план имаат Белите шетачи.

Ако Ноќниот крал е навистина Брен, тогаш тој не е сегашниот Брен, туку тој е Брен кој знае многу повеќе од сегашниот, и кој од некој момент во далечната иднина се вратил во минатото. Значи, ако Ноќниот крал е навистина Брен, тој знае дека војската доаѓа, каде ќе биде и дека ќе дојде Денерис со змејовите. Затоа тој никаде не брза. Може да оди до езерото и таму да го чека Џон во заседа. Она што ги буни фановите е прашањето - зошто баш Висерион? Зошто не Дрогон, најсилниот и најголемиот змеј, на кој беа качени сите важни ликови? Одговорот е - затоа што тој и понатаму е „брат“ на Џон Сноу, и сака само да го ослаби и избрка, а не да го убие.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура