X
 09.06.2023 Живот

Креаторот на серијата „Црно огледало“: Се обидов да напишам епизода користејќи го „Чет-ГПТ“, но испадна глупава

Уште од лансирањето на „Чет-ГПТ“ во ноември, вештачката интелигенција е постојана тема, како и тоа дека таа наскоро ќе ги преземе работните места на писателите и сценаристите.

Иако не постои ништо слично како „Црно огледало“, творецот на британската антологиска ТВ-серија, Чарли Брукер, се надева дека „Чет-ГПТ“ го нема она што е потребно за да се напише соодветна епизода.

- Малку си играв со Чет-ГПТ. Чет-ботот смислува нешто што на прв поглед се чини веродостојно, но на втор поглед е вистинска глупост бидејќи сè што направи е тоа што ги побара сите синпоси од епизодите на „Црно огледало“ и ги измеша. Потоа, ако копате подлабоко, сфаќате дека не нуди ништо оригинално - вели Брукер.

Што се однесува до тригодишниот јаз помеѓу петтата и шестата сезона, Брукер вели дека не бил убеден дека дистописките приказни би биле соодветни во екот на пандемијата.

- Во моментов не знам каков стомак би бил потребен за приказни за општества што се распаѓаат - изјави тој во 2020 година, во екот на пандемијата.

Шестата сезона на „Црно огледало“ ќе вклучува елементи за кои тој претходно велеше дека серијата никогаш нема да ги има. Премиерата на шестата сезона ќе биде на 15 јуни и ќе има пет епизоди.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот