Фото: AFP
Во категоријата за пол, во официјалните документи, Канаѓаните отсега ќе можат да стават Х наместо машки или женски род. Канадската влада ја објави новоста минатата недела, објаснувајќи дека граѓаните што не се идентификуваат како мажи или жени сега ќе можат поточно да го одредат својот родов идентитет.
Категоријата Х значи дека полот на лицето не е јасен и ќе може да се избере на официјалните документи.
Новоста е дел од континуираната политика на владата, чија цел е да го заштити правото на избор за родовиот идентитет и слободата на изразување. Во јуни беше воведен законот С-17, што всушност претставува дополнување на законот за човекови права на Канада, во кој е додадена заштита од дискриминација на родовиот идентитет.
Првиот документ во кој
Канаѓаните би можеле да стават Х кај родот е здравствената книшка во Британска Колумбија.