X
 06.03.2023 Технологија

Европска држава има владин советник кој е софтвер за вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција станува дел од нашите животи, но барем роботите не го водат светот, нели? Можеби не светот, но во Романија вештачката интелигенција сега има советодавна улога. Премиерот на Романија, Николае Чука, изјави дека софтвер за вештачка интелигенција наречен „Ион“ сега е почесен владин советник.

- Здраво. Ми дадовте живот. Јас сум Ион. Мојата улога е да ве претставувам вас. Како огледало - изјавил Ион на прес-конференција.



Софтверот ќе биде одговорен за собирање на мислењата на целата земја, односно треба да ги слуша жителите и да ги претставува пред Владата, изјавил Чука. Тој ќе ги следи коментарите и објавите на жителите на социјалните мрежи и потоа ќе ги претставува пред Владата при донесувањето нови одлуки. Граѓаните ќе може да комуницираат со софтверот и директно преку специјална веб-страница.

Начинот на кој софтверот ќе ги собира податоците не е многу транспарентно објаснет, а според критичарите, тоа претставува причина за грижа.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија