X
 19.04.2022 Живот

Како изгледа животот во светската престолнина на поларните мечки?

Еднаш годишно канадскиот град Черчил станува светска престолнина на поларните мечки.

Кон крајот на есента стотици од нив се собираат на западниот брег на заливот Хадсон, каде што поминуваат недели чекајќи да се формира доволно дебел мраз за да ја издржи нивната тежина. Кога ќе се случи тоа, тие одат во лов на нивниот главен извор на храна - фоките.

1
Фото: Instagram

Оваа годишна миграција го направи градот Черчил идеална дестинација за илјадници туристи кои секоја година доаѓаат да ги видат поларните мечки одблиску.

Поларните мечки талкаат по плажата и спијат на карпите, но понекогаш одат и на главната градска улица, па за жителите на овој студен град, животот со најголемите копнени месојадци е неизбежен животен факт кој повикува на претпазливост.

Или како што би рекле мештаните: - Лесно е да се препознае кога некој е од Черчил бидејќи секогаш внимателно гледа пред да излезе од дома.

2
Фото: Instagram

Секој жител на овој канадски град има барем една бизарна приказна во која главниот актер е поларната мечка. Затоа вратите на куќите и автомобилите на ова место се секогаш отклучени, односно подготвени за оние што треба брзо да скокнат во засолниште. Колку што можат, жителите ги избегнуваат местата каде што има најмногу мечки, односно бреговите на реките, или не излегуваат ноќе кога мечките се поактивни.

3
Фото: Instagram

Кога сте во Черчил, секогаш постои можност да сретнете поларна мечка, поради што градот воспостави таканаречена „патрола на мечка“ која ја надгледува областа, како и дежурна линија на која луѓето можат да се јават и да пријават дека виделе мечка: 675-МЕЧКА.

Активен е и радарскиот систем „беардар“, кој предупредува дека се приближува мечка. Заплашувањето е првата тактика што ја користи патролата кога ќе види мечка како се приближува до градот. Ако тоа не функционира, користи гумени куршуми или пиштол за пејнтбол.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот