X
 21.08.2015 Образование

Универзитетот во Канада вовде курс за бизнис со медицинска марихуана

марихуана

 

Политехничкиот Универзитет Квантлен во Канада оваа есен воведува онлајн курс во кој студентите ќе можат да научат како да водат бизнис со медицинска мархуана. Овој профитабилен пазар е строго дефиниран од канадските закони, па затоа курсот има за цел да ги едуцира сите заинтересирани, за да дознаат на што треба да внимаваат кога одгледуваат и продаваат без да го прекршат законот.


Канада воведе закон според кој марихуаната може да се одгледува и да се продава за медицински цели, а од следната учебна година политехничкиот Универзитет им нуди курс на сите оние кои сакаат да одгледуваат, произведуваат и продаваат марихуана за медицински цели.

Во Канада веќе подолго време постојат одгледувачи кои пред промената и легализацијата на марихуана сериозно го прекршуваа законот. Последните промени отворија нови можности, но во законот постојат бројни ограничувања и услови кон кои треба да се задржат, бидејќи владата сигурно строго ќе го регулира пазарот поради можна злоупотреба.

За да се избегнат несакани проблеми, канадскиот Универзитет ќе понуди детална едукација за одгледување, преработка и продажба на марихуаната и ќе ги научи за сите прописи кон кои треба да се придржуваат. Курсот ќе го води Теган Адамс, менаџер за развој на бизнис во компанијата „Experchem Laboratories Inc“, која специјализира тестирање на лекови.

 

Адамс вели дека постои голем број на квалитетни одгледувачи кои претходно работеле на црниот пазар, но и претприемачи од различни индустрии кои сега сакаат да се приклучат на овој бизнис. Целта е да се поврзат овие две групи и да се едуцираат како можат легално да заработуваат за продажба на марихуната.


Курсот ќе биде поделен на два дела. Во првиот дел, ќе се учи за одгледување на растението, ограничувањето и можностите, а во вториот за маркетинг, продажба и медицинските услови за производство на дрога.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование