Сите на крајот го покажуваат своето вистинско лице затоа што човек се заморува од сите работи во својот живот, се заморува да се движи кон своите цели, се заморува од умилкување кон луѓето кои му се потребни, се заморува од светот кој не е онаков каков што очекувал да биде. А најмногу од сè, се заморува од носењето маска на своето лице и има силна потреба да ја тргне од себе за да може и неговото лице и неговата душа слободно да дишат.
На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, и често тоа се случува во неочекуван момент. Затоа што човек се заморува од паѓања и докажувања дека е совршен, се заморува од глумењето позитивен став во тешки моменти, се заморува од грижите кои ништо не му донеле. Но најмногу од сè, се заморува од луѓето кои му одат на нерви, луѓето кои биле негова копија, кои по секоја цена барале нешто од него и ја играле докрај играта за да го добијат тоа.
На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, и често тоа се случува побрзо од очекуваното. Затоа што човек се заморува од зборувањето на другите, се заморува од пикањето на носот во туѓи работи, од секогаш истите очекувања и разочарувања, од секогаш истите бегања од себе и другите, а нема ниту каде, ниту кај кого.
На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, лице кое било измачкано со шминка и козметика. Заморени се сите кога ќе заврши претставата и кога ништо никому веќе не треба да докажуваат или да покажуваат. Заморени се кога ќе го добијат она што требало и кога ќе сфатат дека улогата што ја играле не била вредна за тоа. Но, не може поинаку, една претстава завршува, а друга започнува, па новата улога треба да се игра помудро. Животот е таков – сите на крајот го покажуваат своето вистинско лице, и тогаш сфаќаш кои биле глумци, а кои вистински луѓе.