Фото: Printscreen/YouTube
Професорот Крег Рајт од Универзитетот „Јеил“ предава на овој бесплатен онлајн-курс наречен „Слушање музика“.
Под претпоставка дека слушањето музика не е само пасивна активност што човек ја користи за да се релаксира, туку е и активен процес, професорот нуди разбирање на основните елементи на западната музика со што ќе може да се доживее музиката на сосема различен начин. Во курсот е вклучен секаков жанр на музика - од класична, рок, техно, до грегоријанските песни.
Подолу може да ги погледнете предавањата на
професорот, додека на веб-страницата на
Јеил можете да ја пронајдете наставната програма и информации за секое предавање одделно.