Од своето излегување во 2009 година, „Minecraft“ се продала во милиони копии низ светот, создавајќи револуција во индустријата. Играта стана дел од револуцијата на образованието во 21 век со тоа што нуди креативност, предизвици, решавање проблеми и стратешко размислување за учениците од повеќе возрасти.
Играта веќе се користи во училниците во некои европски земји. Потенцијалот на играта во поглед на образованието е огромен, велат експертите. „Educators technology“ создаде листа од книги со кои ќе научите како се користи оваа игра во образованието.
„Minecraft in the Classroom: Ideas, inspiration, and student projects for teachers“ од Колин Галањер
Во оваа книга се претставени проекти од наставници кои ја користат играта за предавање математика, наука, јазици итн. Секој проект вклучува цели во учењето, организирање на проектот и задачи.
„TeacherCraft: How Teachers Learn to Use MineCraft in Their Classrooms“ од Шон Дикерс
Оваа книга е за начинот на кој наставниците учат да ги користат дигиталните медиуми. „Minecraft“ е играта која моментално е избрана од милиони млади низ светот и наставниците го користат ова во своја полза за да ги подобрат своите часови.
„Adventures in Minecraft“ од Дејвид Вејл и Мартин Оханлон
Оваа книга е наменета за идните програмери и е напишана за ученици на возраст од 11 до 15 години кои сакаат да развијат програмерски вештини додека се забавуваат играјќи.
„The Big Book of Building: Everything Minecraft Imagine it… Create it… Build it“ од повеќе автори
Од краток поглед на играта до напредно градење и учење техники за градење - оваа книга има сè.