X
 11.09.2017 Живот

Почина Христо Христоски-Мулар, првиот учител на Тоше

Крушево, вчера на вечна почивка го испрати почитуваниот музиколог и гитарист Христо Христоски-Мулар, кој беше и првиот професор на Тоше Проески.



Тој неколку пати гордо изјавуваше дека суштината на музиката ја има научено токму од него. Христо Христоски - Мулар, всушност на родителите на Тоше им предложил да настапи на “Златно славејче” со една негова влашка песна. Тоа се случи 1992 година, а Тоше пееше во дует со неговата другарка, Емилија Павловска. Ова практично е почетокот на неговата кариера.

Во својата богата кариера, Мулар има издадено неколку антологии на влашки песни и збирки на македонски фолклорни бисери, а во Крушево во последните неколку години организираше и неколку работилници за млади, посветени на Тоше. Соработуваше и со Влатко Стефановски со кого пред две години ја држеше Крушевската гитарска работилница за млади теленти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот