13.09.2017
Образование
Анкета за студенти: Дали имате квалитетна практична настава?
Веќе неколку години студентите од државните универзитети мора да посетуваат практична настава која не може да биде пократка од 30 дена, како еден од условите за запишување во следната студиска година.
Таа не може да се реализира повеќе од 3 месеци, и не помалку од 1 час, ниту повеќе од 8 часа во денот. Студентот во текот на реализацијата на практичната настава води дневник за секојдневните активности, а има и ментор од својот факултет. Центрите за кариера што се отворија на факултетите имаат задача да ги насочуваат студентите и да се грижат за целиот процес. Повеќето факултети и сами најдоа компании и склучија договори за реализирање на практичната настава.
Со цел да провериме како оди овој многу важен процес за образување стручен и професионален кадар и дали практичната настава ги задоволува потребите на студентите, ја правиме оваа онлајн-анкета наменета за студентите.
Ве молиме одговорете на следните прашања:
Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева