17.11.2017
Образование
Анкета: Какво неформално образование Ви треба?
Неформалното образование е несомнено еден од најпродуктивните начини за наше дополнително усовршување и образование надвор од училишните клупи - а во последно време, со постојаните промени во бизнисот, се промовира и во еден од најефикасните начини за брзо квалификување за ново/прво работно место.
Максимата „Човек учи додека е жив“ денеска важи повеќе од кога било и сите оние што сакаат да напредуваат и да бидат успешни во кариерата се свесни дека постојано мора да се развиваат и да учат нови работи.