X
 18.09.2017 Живот

Во оваа земја се живее најдолго - има 67.824 стогодишници

јапонија

Бројот на стогодишници во Јапонија порасна за 2.132 во споредба со изминатите години и денес има 67.824. Четириесет и седма година по ред нивниот број постојано расте.

Од вкупниот број стогодишници, 88 отсто се жени. Во 1963 година во Јапонија живееле само 153 стогодишници, а 20 години подоцна имало повеќе од 1.000. Во 1998 година имало 10.000 стогодишници, а во 2007 имало 30.000 стогодишници.

Наби Тајима е родена во aвгуст 1900 година, има 117 години и е најстарата Јапонка, додека најстариот Јапонец е 112-годишниот Масазо Нонака, роден во јули 1905 година. Во Јапонија луѓето постари од 65 година во 2065 година ќе сочинуваат 38,4 отсто од населението, што е значаен пораст од 2015 година, кога го сочинувале 26,6 отсто од населението.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот