X
 27.02.2022 Здравје

Вежбање 10 минути дневно е клучно за здравјето

Дали може да одвоите 10 минути во денот за вежбање? Тоа може да ви го спаси животот, според ново истражување.

Над 110.000 смртни случаи во САД би можеле да се спречат годишно доколку лицата над 40 години вежбале дополнителни 10 минути дневно, се вели во истражувањето. Вежбање 20 или 30 минути може да спречи уште повеќе смртни случаи, пренесува Си-ен-ен.


Фото: Pixabay

Во истражувањето биле анализирани податоци од лица на возраст од најмалку 6 години собрани од 2003 до 2006 година. Истражувачите потоа ги анализирале навиките за вежбање на речиси 5.000 лица на возраст од 40 до 85 години и ги следеле стапките на смртност до крајот на 2015 година.

Бројот на смртни случаи што би можеле да се спречат со поголема физичка активност е само процена, но е валиден метод бидејќи би било невозможно да се спроведат тестирања на луѓе, посочуваат експертите.

Извор: CNN
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје