Фото: Screenshot/YouTube
Исто како што не би очекувале Дејвид Линч да направи традиционален филм, така не треба да очекуваме дека тој ќе даде традиционален говор наменет за студентите.
„Во едно интервју кажав дека ова ќе биде чуден говор за поздравување на академската година“, изјави Линч при неговиот говор на Универзитетот „Махариши“ во 2016 година. Говорот не започна како и секој традиционален, туку со сесија прашања и одговори. Прашањата беа од студентите што сакаа да знаат како тој го гледа светот после 10 години, што го прави човек добар лидер и како до значаен и исполнет живот.
Еден од студентите сакал да знае како Линч „се заљубувал“ во идеите од кои подоцна се развиваат неговите проекти. На ова прашање Линч вели: „Секогаш ги изедначувам идеите како риба - не ја правиме рибата, туку ја фаќаме. Се заљубуваш во идеја, а за мене може да е фрагмент од целото нешто, како скрипта или цел филм, но овој мал фрагмент е толку возбудлив што не можеш, а да не се заљубиш во него“.
Друг студент го прашува
Линч, доколку се врати во времето, за време на студирањето на Академијата за ликовни уметности во Пенсилванија, дали тој би ги донел истите одлуки повторно. „Имав многу среќа“, рече тој, „за избегнувањето на дрогата која во тоа време беше во мода, токму поради предупредувањата од моите пријатели“. „Сите земаа дрога, но поради некоја причина, тие ме предупредија. Претпоставувам дека избегнав куршум“.