Универзитетот во централен Мичиген по грешка известил десетици лица дека добиле целосна стипендија за студирање на универзитетот. Потоа од универзитетот им се извиниле на студентите и се понудиле да им дадат надомест во износ на сумата што би ја покривала стипендијата за да ја поправат грешката.
Минатата седмица 58 кандидати за студенти добиле порака дека се добитници на стипендија што ја покрива партиципацијата и вклучува сместување, храна, надомест за книги и додатоци и награда од 5.000 долари за учење. Грешката била направена при тестирање на нова технологија за испраќање пораки на универзитетот.
Универзитетот изјавил дека ќе ги контактира сите студенти и ќе им понуди надомест еднаков на целосната стипендија. Не е јасно колкава би била оваа сума, но партиципацијата на универзитетот чини околу 12.750 долари годишно.
Стипендиите им се доделуваат на матуранти со висок академски успех.
Извор:
NPR
Фото: Pixabay