76. коло на НовоЛото 7/34 кое се одржа на 23.09.2017 година, му донесе среќа и вредна добивка на Д.Р, пензионер од Скопје. Тој денес ги посети просториите на Државната лотарија на Македонија и видно возбуден ни ја раскажа својата приказна.
Среќниот пензионер е играч на игрите на среќа на Државната лотарија на Македонија години наназад, но последниве 3 години секогаш ги игра истите бројчиња. Овој пат уплатил 6 комбинации во вредност од 120 денари, а неговата среќна комбинација била токму петата комбинација која му донела добивка 6+1 во вредност од 670. 485, 00 денари. Добитното ливче го уплатил на среќното место Тобако „Толакс“ во Бисер.
Кога сфатил дека бројките што се редат се токму неговите среќни бројки, веднаш и кажал на сопругата, а потоа ги известиле нивните деца. На нивната радост немало крај. Ова не е прва добивка за нив, но секако е најголема, а се надеваме дека нема да биде и последна.
Средствата од добивката ќе ги подели на неговите деца, а ќе остави нешто и за себе и за сопругата.
Тој им порача да на сите играчи на игрите на среќа , да го пронајдат своето Среќно Место и да ги уплатат своите среќни броеви, бидејќи со среќата никогаш не се знае.
ЗА ДОБРО!
Државна лотарија на Македонија