Оние што патуваат побавно стареат - се чувствуваат и изгледаат помлади, открива ново истражување. Не е важно дали планирате да откривате нови места, обичаи, култури или пак да одите на обичен или активен одмор, она што е сигурно е дека нема да се вратите како истата личност.
Новото истражување спроведено од австралискиот универзитет „Едит Кауан“ наведува дека патувањето може да ја продолжи младоста.
Повеќето патувања се многу сложени, па запознаваме нови луѓе, земји, региони, култури и стекнуваме нови животни искуства. Тоа ни дава можност да спиеме подобро, како и да учествуваме во различни активности.
- Туризмот не е само одмор и рекреација, тој придонесува за подобро физичко и ментално здравје - вели Фангли Ху, водечки автор на истражувањето.
Отвореност за промени и нови познанства
Секое патување е полно со непознати и нови искуства и претставува вистинска авантура.
Тоа се предизвици кои ги доживуваме надвор од нашата удобна зона, кои се корисни бидејќи ни помагаат подобро да се движиме по непозната дестинација, подобро да ја планираме иднината, полесно да се запознаваме и слично.
Со текот на времето нашата рутина станува здодевна, па патувањата се неизбежни и корисни.
Треба да се негува љубопитноста
Запознавањето нови култури, градови, вкусови, мириси, архитектура, ги поттикнува нашата љубопитност, креативност и имагинација. Од секое патување се издвојува нешто и претставува авантура која ќе ја помните и прераскажувате.
Кога патува, човекот се чувствува послободно и поопуштено затоа што запознава луѓе од други култури, други навики и рутини.
Истражувањето на оваа тема потврдува дека секое патување е празник за умот и телото и дека по секое патување уште повеќе го цените вашиот дом.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik