19.07.2021
Здравје
За вакцинација со „Фајзер“ пријавени 1.800 деца
Денеска треба да почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk. Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1.800 деца.
Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, а за возрасните повеќе не е потребно пријавување.
Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453.773 граѓани, а целосно имунизирани, односно со двете дози се 272.129.