X
 03.10.2017 Технологија

Најдобрите апликации и алатки за студентите

факултет

Испити, групни проекти, есеи... Патувањето низ студентскиот живот изобилува со многу работа и непроспиени ноќи. Сега, со започнувањето на новата академска година, не постои ништо подобро од алатки и апликации што ќе ви ги олеснат животот и факултетот и ќе ви помогнат да ја подобрите вашата продуктивност. Ова се најдобрите.

„Google Drive“

Создадете фолдер што може да се споделува со секој член на групата така што сите ќе имаат пристап до истите документи и да работат на нив истовремено.

„Slack“

Ова може да биде вашето виртуелно работно место. Со оваа апликација лесно можете да разговарате со вашите членови од групата и да споделувате документи. Можете да создадете различни „канали“ на комуникација според темите и да испраќате директни пораки до сите во групата.

„Trello“

На „Trello“ можете да создавате табли што можат да се споделуваат и да ги персонализирате. На пример, можете да создадете колумни со тоа што треба да направите, што сте направиле и да додавате задачи во секоја од нив.

„Canva“


Можете да создадете каков било вид дизајн од различни темплејти што можете да ги персонализирате доста лесно - презентации, постови од социјалните медиуми, покани и друго.

„Gimp“


За оние што сакаат да го усовршат дизајнот, „Gimp“ е совршена алатка, а најдоброто е тоа што е бесплатна.

„Ginifab“

Совршено за откривање на RGB-бои на фотографијата за да можете да ги користите во вашата презентација.

„Office 365 for Education“


Оваа алатка е достапна за студентите и вклучува „Оffice Online“ со „Word“, „PowerPoint“, „Excel“ и „OneNote“ и неограничен „OneDrive“ простор.

„Online Surveys“

Студентите често пати треба да создаваат анкети, а „QUaltrics“; „Typeform“ и „Survey Monkey“ се само некои од најдобрите алатки за онлајн-прашалници и анкети.

„Evernote“


Ова е една од најдобрите продуктивни апликации. Тука можете да ги чувате вашите белешки и да пристапувате до нив од вашиот лаптоп или паметен телефон.

„YouTube“


Класика. Над 300 часа видео се поставуваат на оваа платформа секоја минута секој ден, така што сигурно постои нешто од кое би можеле да научите.

„WolframAlphа“


Одлична алатка што може да пресмета сè што ќе посакате - дури и тешки равенки.

„Free Online Courses“


Од „Khan Academy“ до „Google Digital Garage“ и „edX“, постојат илјадници бесплатни онлајн-курсеви за кој било предмет.

„Google Scholar“


„Google“ ви нуди веб-пребарувач за академски трудови. Ова е особено корисно за оние што пишуваат есеи, а треба да напишат референци.

„VMock“

Одлична платформа што ви дава повратна информација за вашето CV користејќи софистицирани алгоритми што го анализираат вашиот профил. Првата рецензија е бесплатна.

„Bibme“


Апликација совршена за оној момент кога барате библиографија за вашите есеи. „Bibme“ автоматски ја генерира вашата библиографија и лесно создава цитати.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија