Со мобилните телефони заспиваме и се будиме, ги користиме и дома и на работа. Меѓутоа, во сите овие години користење малкумина знаат дека мобилните нудат и други можности кои дополнително ќе ни го олеснат секојдневјето.
Побрзо полнење
За побрзо полнење на мобилниот телефон не е потребен само добар адаптер – туку треба и апаратот да не троши премногу енергија во текот на работењето. За да обезбедите побрзо полнење на уредот, ставете го на
Airplane Mode. И покрај фактот што така ќе ја изгубите мрежната поврзаност, апаратот нема да троши ресурси за време на полнењето и така побрзо ќе се наполни кога ќе имате потреба од брзо полнење на батеријата.
Брзо бришење напишан текст
Сопствениците на апаратите веќе извесно време ја имаат на располагање опцијата
Shake to Undo. Со неа може да се избрише цел параграф напишан текст, а за активирање треба само добро да се протресе уредот. Станува збор за вистинско олеснување – наместо да го држите копчето
backspace цело време додека се брише буква по буква –
Undo ќе го избрише текстот наеднаш, а оваа работа функционира и кај ајфоните и кај ајпадите.
Отстранување реклами
Оние на кои им сметаат рекламите кај апликациите можат да се обидат да го активираат
Airplane Mode на уредот. Рекламите би требало да престанат да се вчитуваат, но тука треба да се има предвид дека некои апликации бараат врска на интернет за користење, па може да настане проблем во работењето. Сеедно, вреди да се проба.
Уредете ја веб-страницата
Неретко сопствениците на мобилни уреди ќе отворат некаква книга или текст во веб-прелистувачот за подоцна да го читаат, но апаратот знае да го заборави материјалот кој е вчитан на табот. Ако се случи и губење на интернет-врската, следува разочарување. За да се избегнат вакви ситуации, сопствениците на „Андроид“ можат да го притиснат икончето за преземање страници на уредот во рамките на пребарувачот „Хром“.
На вчитаната страница треба да се отвори менито (трите точки на горната десна страна), па да се кликне на икончето во средината што служи за преземање.
Поставете тајмер за музика и заспивање
Кој сака да заспие со омилената музика пуштена на мобилниот или на таблетот, а не сака наутро да начека испразнета батерија, постои решение и за тоа. На ајфоните и на ајпадите веќе постои функција интегрирана во апликацијата
Clock. Во таа апликација треба да ја изберете опцијата
Timer во долниот десен агол и да ја кликнете иконата со музичка нота. Тогаш во отворениот прозорец треба да листате до дното и да изберете
Stop Playing. Кога ќе ја селектирате, што било што се репродуцира на звучникот или на слушалките поврзани на уредот ќе престане да свири со истекот на времето селектирано на тајмерот. Многу корисно!
Слично може да се направи и на уредите на „Андроид“, но сè зависи од производител до производител, како и од инсталираните апликации. Ако веќе постојните апликации не го дозволуваат тоа, доволно е да го посетите
Google Play Store и да ја побарате апликацијата
Sleep Timer.
Искористете го мобилниот телефон како далечински управувач/глувче
Ако ви треба резервен далечински управувач за Десктоп/Мек, односно периферен дел за управување со содржините на компјутерот, за
iOS треба да го преземете
Mobile Mouse Remote, односно
Remote Mouse за „Андроид“. Поставувањето и на двете апликации е многу едноставно, и работата ќе функционира без никаков проблем.
Преземете либела за на работа или за дома
Независно за која мобилна платформа станува збор, трговиите со апликации се полни со помошни алатки кои ја користат силата на сензорите во уредите, а можат да послужат и како либела (и многу повеќе од тоа). Доволно е да се побараат поимите
level mete или
bubble level, пишува
Brighsite.