Не треба да бидете одличен студент за да знаете да цените илјадници образовни апликации достапни за паметни телефони, таблети и други дигитални уреди кои покриваат широк спектар на теми, вклучувајќи математика, англиски, наука и социјални студии.
Додека некои апликации се фокусираат само на одредена тема, многу други апликации се повеќе генерички, вклучувајќи ги и оние за фаќање белешки, идеи или управување со време и пари.
Доколку не знаете каде да започните, ви нудиме неколку предлози дизајнирани за iOS, Android и Windows платформи.
1. Dictionary.com - (iOS, Android) Оваа апликација е детална и лесна за користење. Без разлика дали ви треба кога сте во училница или кога пишувате домашна работа, оваа апликација функционира и без интернет конекција. Со неа имате пристап на повеќе од два милиони дефиниции, синоними и антоними, вклучувајќи го и потеклото на зборот и историја, пример во реченица, изговор, збор на денот и многу повеќе.
2. Duolingo - (iOS, Android, Windows) Oваа апликација е бесплатна и ви нуди забавно учење на англиски, француски, шпански, италијанск и многу други јазици. Преку лесни лекции ќе започните да поврзувате зборови со слики, да слушате како звучат и да ги повторувате.
3. Google Earth - (iOS, Android) Оваа апликација ви нуди виртуелно прикажување на цела планета - вклучувајќи ја и можноста да зумирате улица преку користење на 3D сателитски снимки.
4. Khan Academy - (iOS, Android) Апликацијата ви овозможува да учите буквачно се`, преку допирање и гледање на библиотека со повеќе од 6.000 видеа. Овој паметен ресурс опфаќа масовен број на теми кои се движат од математика, природни науки, хуманистички науки и астрономија до финансии и историја. Секое видео е долго околу 10 минути, вклучувајќи многу интерајктивни вежби. iPad верзијата нуди 150.000 вежби со инстант повратна информација.
5. Evernote - Evernote e корисна апликација за пишување белешки, скицирање дијаграми, копирање веб страни, вметнување фотографии и снимање аудио записи. Сите белешки автоматски се синхронизираат на десктоп верзиите на Evernote, такашто лесно е да пристапите до информациите. Со Evernote можете да сликате текст од книга или списание и да го претворите во текст.
6. Microsoft's Word, Excel и PowerPoint - Сега бесплатни и за iOs и Android телефони и таблети, овој пакет ги зачувува вашите документи локално на вашиот уред, или пак можете да го прикачите за вашиот OneDrive cloud за чување и за да можете да имате секаде пристап до нив.
7. ChoreMonster - (iOS, Android) Е апликација која им помага на мајките и татковците да им постават задложенија на нивните деца и да ги наградат преку нивно извршување. На пример, можете да изберете „Sweep the floor“ или „Do homework“. Исто така, можете да поставите поени за секоја активност.
8. Shakespeare in Bits - (iPad, Android) Оваа апликација ги вклучува оригиналните 400 години стари драми како што се Хамлет, Сон на летната ноќ, Ромео и Јулиа, Магбет итн. анимирани. Исто така, апликацијата нуди анализа, резиме, биографии и белешки за учење.
9. Mint - Апликацијата е одлична за студентите кои не знаат како да го распоредат буџетот. Аплиакцијата ви нуди начин како да го поставите буџетот, трошоците и да достигнете одредени финансиски цели.
10. Secret Calculator Folder како и Smart Hidde Calculator се апликации кои ја кријат вашата нумеричка лозинк за пристап до вашите фотографии, видеа, музика, документ итн, и секако може да функционираат како калкулатори.