X
 01.04.2020 Образование

Најдобрите онлајн-алатки за учење странски јазици

Доколку сте затворени дома, како повеќето од нас, можеби учењето нов јазик ќе ви звучи примамливо. На интернет има многу места каде што може да почнете да учите странски јазик. Доколку не знаете каде да барате, во продолжение се дадени некои од најдобрите веб-страници и апликации за учење јазици.

„Розета Стоун“

Оваа веб-страница е многу позната помеѓу лингвистите, и тоа со причина. Користењето на платформата се плаќа, а со пакетот се добиваат курсеви за 28 јазици. Лекциите се лесни за следење и вклучуваат читање, пишување, зборување и слушање.


Фото: Pixabay

„Дуолинго“

Станува збор за апликација која е бесплатна за користење. Најамбициозните може да доплатат за да немаат реклами при учењето или самите да создаваат курсеви. За многумина, „Дуолинго“ е покорисна апликација за оние што сакаат да вежбаат странски јазик отколку за оние што немаат никакво знаење.

„Бабел“

Платформата нуди курсеви за 14 јазици и е многу ефикасна за учење фрази и зборови кои се користат во секојдневието. Користењето на платформата се плаќа.


Фото: Pixabay

„Мемрајз“

Доколку најдобро учите со повторување и картички, оваа апликација е за вас. Апликацијата нуди 16 јазици, а нејзиното користење се наплаќа. „Мемрајз“ се препорачува како помошна алатка при учењето јазик и не е наменета за оние што немаат никакво знаење.

„Бусуу“

Платформата нема голем избор на курсеви, но оние што се нудат се детални и информативни. Таа е одлична за оние што сега почнуваат да учат одреден јазик, а и е бесплатна. Може да се доплати за официјални сертификати и вежбање со корисници кои од раѓање го зборуваат јазикот што го учите.

Автор: Кристијан де Лупер
Извор: forbes.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование