X
 03.03.2021 Наука

Оваа нова фотографија од Венера всушност не би требало да постои

Неодамнешниот лет на сондата „Паркер“ на НАСА покрај Венера резултира со неочекувано добра слика од планетата, откривајќи претходно непознат капацитет за еден од инструментите на леталото.

Мисијата на соларната сонда „Паркер“, лансирана во 2018 година, нема никаква врска со планетата Венера. Вселенското летало на НАСА само ја користи гравитацијата на планетата за да се приближи до неговата вистинска цел: Сонцето. По неколку прелетувања покрај Венера, сондата ќе се доближи и ќе биде на 6,9 милиони километри од нашата ѕвезда-домаќин. Примарната цел на мисијата, која се очекува да трае до 2025 година, е подобро да ги разбере Сончевите ветрови.

Оваа слика од Венера е направена во јули 2020 година, кога „Паркер“ бил оддалечен 12.380 километри од површината на планетата. Внатрешната камера за широко поле (WISPR) на „Паркер“ успеа да го направи овој извонреден поглед на планетата.

WISPR (Wide-field Imager for Parker Solar Probe) се состои од два оптички телескопи и тие се дизајнирани да прават слики од Сончевата корона, областа на плазмата околу ѕвездата. Но, Афродита Тера, најголемиот регион на висорамнини на Венера, изгледа мрачна затоа што е постудена од областа околу неа. Површината на Венера е замаглена од нејзината густа атмосфера, но оваа слика имплицира дека WISPR, освен видлива светлина, може да открие и топлинско зрачење.

Оваа карактеристика на WISPR претставува целосно изненадување за тимот што стои зад „Паркер“ затоа што уредот е создаден и тестиран за набљудување видлива светлина.

Според Ангело Вурлидас, научник од лабораторијата за применета физика „Џон Хопкинс“, тимот очекувал да види облаци, но камерата успеала да покаже директно на површината.

venera

Извор: Gizmodo.com
Фото: NASA/Johns Hopkins APL/Naval Research Laboratory/Guillermo Stenborg and Brendan Gallagher
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука