X
 22.09.2018 Образование

Старите српски студенти ќе добијат уште една година за да ги завршат студиите

Старите српски студенти ќе добијат уште една година за да ги завршат студиите. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за високо образование, кои беа усвоени неодамна.

Српскиот министер за просвета, Младен Шаревиќ, истакна дека постарите студенти ќе добојат уште една година за да ги завршат студиите, но дека нема законска основа рокот за завршување на студиите да се продолжи и за првата генерација „болоњци“.

Министерот испрати порака до факултетите да не го наплаќаат повторното запишување.

-Тоа го направив и пред две години и тогаш препораката ја послушаа 70 отсто од факултетите, а не послушаа само оние на кои најважни им се парите - рече Шаревиќ.

Со измените на законот е предвидено и да се признаат оспорените докторати стекнати на факултетите кои во моментот на издавањето на дипломите немале дозвола за магистерски, односно докторски студии.

Комисијата за акредитација (КАПК) оспори 103 дипломи стекнати на 22 приватни факултети, но се претпоставува дека има многу повеќе такви дипломи. Министерот рече дека признавањето на дипломите е единствен начин да се избегнат бројните тужби кои би следеле. Шарчевиќ додаде дека со измените на законот е предвидено и установите да бидат одговорни доколку зашпишат студенти на, на пример, докторски студии, а тие да немаат завршено претходно ниво на студии.

Министерот рече и дека досега е утврдено дека државните и приватните факултети и високи школи имаат повеќе од 50 неакредитирани истурени одделенија и дека инспекциите од министерството се на терен. Тој нагласи дека бројот на неакредитираните одделенија веројатно е многу поголем и дека на тој број треба да се додадат уште 20 до 30 отсто.

Шаревиќ додаде дека се пронајдени три ученички домови беа акредитации и дека им е наложено да се акредитираат.

-Тоа се три нелегитимни домови, ние сме ги финансирале, а не сме знаеле дека немаат акредитација - рече министерот.

Тој истакнува и дека преку просветната инспекција наложил домовите да влезат во процес на верификување на условите за работа, а доколку не го направат тоа, нема веќе да добиваат пари.

Министерот најави и дека казните за факултетите и високите школи кои нема да ги затворат истурените одделенија ќе бидат два милиони динари или одземање на лиценцата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование