X
 11.10.2017 Технологија

„Месинџер лајт“ е најдобрата платформа што произлегла од „Фејсбук“

фб
Фото: The Verge

Интернет-пораките се една од оние работи што се подложени на реинвенција уште кога се појави интернетот. „Фејсбук Месинџер“ е дефинитивно една од апликациите во кои луѓето уживаат и ги сакаат.

Екстензии на апликацијата, ботови, приказни, приспособливи бои за разговор, анимирани и големи емоти, профилни кодови за скенирање... дури и можете да порачате „Убер“ и да играте шах додека чекате, без да го напуштите „Месинџерот“. Ова е логичен потег на „Фејсбук“, со оглед на тоа што се натпреварува со секоја друга технолошка компанија за да доминира на технолошкиот пазар.

„Месинџер лајт“ е најпозитивната платформа што произлегла од „Фејсбук“. Едноставно, оваа апликација е нешто што не успеале да го направат ниту „Гугл“ ниту алтернативите како „Скајп“. Со „Месинџер лајт“ добивате три колони: една за вашите неодамнешни разговори, една за вашите контакти и една за достапните поставки.

Ова е апликација не само за луѓето со ограничен интернет туку и за сите оние со ограничено трпение од пренатрупаните апликации. Платформата сама си ја завршува работата без многу „церемонија“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија