X
 15.06.2018 Технологија

„Гугл транслејт“ ќе стане попаметен

Апликацијата „Гугл транслејт“ за „Андроид“ и „Ајос“ доби поддршка за преводи офлајн со помош на вештачката интелигенција. Тоа би требало да овозможи попрецизни преводи во ситуации кога не можете да се потпрете на врска со интернетот.

На почеток, поддршката ќе биде достапна за 58 јазици, вклучувајќи неколку европски јазици, индискиот јазик, како и арапскиот, јапонскиот и кинескиот. До 15 јуни би требало да биде достапна за сите.

Поддршката за секој јазик ќе зазема 30 до 40 мегабајти повеќе од меморијата, а би требало да можат да ја користат и сопствениците на поевтини паметни телефони.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија