X
 21.10.2017 Економија

Знаете ли зошто монетите имаат назабени рабови?


Монети
(Фото: Thinkstock)



Пред појавата на парите, сите плаќања луѓето ги извршувале со таканаречена трампа или стокова размена, но со развојот на човечката цивилизација растела и потребата за размена на добра.

Плаќањето со стоки и симболични пари не бил доволно умешен начин за размена на добра затоа што луѓето не можеле секогаш да бидат сигурни дека ја добиле вистинската противвредност за својата стока.

Затоа закучиле дека како средство за плаќање треба да изберат нешто што трајно ќе ја претставува сеопштата противвредност за секоја друга стока.

За таа цел избрале метал, односно монети. Тие имале многу предности – можеле да се сечат во делови со еднаква величина, да се претопи во предмети кои ќе бидат практични за употреба, не се расипуваат како други производи и заземаат помалку место.

Ковените пари датираат од 7 век пред новата ера, а настанале во Лидија, Мала Азија.

Првите монети биле изработувани рачно, а техниката за изработка многу малку се изменила до 16 век, кога биле создадени и првите машини за ковење пари.

Со текот на времето благородните метали, златото и среброто ја преземале улогата на пари, така што биле вагани затоа што стоката се продавала по договорена количина на сребро или злато.

Овие материјали секогаш се сечеле во парчиња со определена тежина, а како гаранција дека тежината е точно одредена и дека монетите од злато и сребро имаат соодветна чистост, односно дека не содржат вишок примеси од други, поевтини материјали, на секое парче се втиснувал определен жиг, печат, обично ликот на владетелот.

Сепак, монетите немале отсекогаш назабен раб. На крајот на 18 век, криминалците веќе почнале да ги стружат рабовите на монетите, собирајќи мали делчиња од злато или сребро, кои ги продавале, па на тој начин ја намалувале вредноста на монетите.

Тоа е главната причина за назабувањето на рабовите кај монетите – заради заштита од крадци.

Впрочем, рабовите и ден-денес се назабуваат, но исклучиво како украсна и традиционална функција.

Погледнете го видеото:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија