Поголемиот дел од животот работиме. Половина од часовите кога сме будни сме на работа. За некого работата не престанува и кога е во својот дом. Голем процент од светската популација работи дополнителни часови, а трагедијата е во тоа што мал е бројот на луѓето што сѐ уште си ја сакаат својата работа.
Зошто некои сѐ уште уживаат во тоа што го работаат? Кои се карактеристиките на добриот шеф? Компанијата „Гугл“ реализирала проект преку кој се анализирале факторите што ги прават шефовите позитивни личности, а тоа се:
1. Добар тренер
Дали вашиот надреден ви помага во подобрување на перформансот на работа? Дали ви помага при насочување низ низа предизвици?
2. Зајакнување на тимот
Добриот шеф ви ја доверува обврската и ви дава авторитет да дејствувате. Исто така, се задржува на „поголемата слика“, избегнувајќи критики.
3. Изразува интерес и грижа за тимот, неговиот успех и благосостојба
Шеф што се грижи за вас? Навистина ретка појава. Сите сакаат надреден кој ги вреднува како личност, а не како уште една бројка на листата.
4. Продуктивност и ориентираност кон резултати
Секој се чувствува подобро кога работите се завршени, па се надевате дека ќе имате менаџер кој учествува и секогаш ги уочува резултатите.
5. Комуникација
Постојаната и квалитетна комуникација помеѓу надредениот и вработените е исто така од клучно значење.
6. Помага во развивањето на кариерата
Амбициозен шеф кој дава поддршка помага за зголемување на мотивацијата и напредок во кариерата.
7. Има јасна визија и стратегија за тимот
Добриот шеф поставува високи цели и постојано ве информира во која насока се движите.
8. Има важни технички вештини за да му помогне и да го советува тимот
Добро е кога можете да се обратите за помош и истата ќе ја добиете од шефот, заедно со насоки за ефикасно завршување на работата.
Ако лидерот е добар, не значи дека организацијата ќе функционира одлично. Тоа зависи и од тимот и од надворешните фактори. Најважно е тимот да ги исполнува
петте клучни нешта, а тоа се:
1. Зависност
Можете ли да сметате на вашите колеги за да ги завршат обврските навреме, во согласност со очекувањата?
2. Структура и јасност
Дали знаете што се очекува од вас? Дали вашата улога во компанијата е дефинирана?
3. Значење
Дали работата ви значи? Дали сте исполнети во текот на процесот на работење?
4. Влијание
Секој член на групата треба да верува дека мисијата на тимот е важна. Дали вашата компанија го прави светот подобро место?
5. Психолошка сигурност
Како се третирани вашите идеи? Дали чувствувате дека ако се упатите кај вашиот шеф и му претставите луда идеја, ќе бидете сослушани, па и прифатени?
Последното нешто е најважно од сѐ. Ако сте во средина која е подготвена да презема ризици, можните награди се веројатни и големи. Важно е да бидете свои, како и прифатени и ценети во работната средина. Така ќе бидете продуктивни и среќни.