Шефот со највисока плата во светот на малопродажната индустрија не е сопственик на најголемиот синџир на продавници или некои брзорастечки компании што можат да се препознаат како малопродажни. Тоа е Стивен Кауфер, шеф на онлајн туристичката агенција „Трип Адвајзор“.
Со своите заработени 47.9 милиони долари, им се приклучи на шефовите на уште две интернет компании на листата на најплатени шефови во малопродажната индустрија според „Стандард и Пур“.
Фото: Pixsell
На второ место, со заработени 27.8 милиони долари, се наоѓа Глен Фогел од „Букинг Холдингс Инк“. Ова е компанија што стои зад познатата онлајн страница „Букинг.ком“, „Кајак.ком“ и „Прајслајн.ком“. На трето место е Рид Хејстингс од „Нетфликс Инк“, со заработени 24.4 милиони долари.
На четврто место е Даг Мекмилион, шеф на „Волмарт“, најголемиот
светски трговец со 22.8 милиони долари. Џеф Безос,
шефот на најголемиот онлајн трговски систем, „Амазон“, зема плата од 1.7 милион долари.