X
 27.10.2017 Технологија

VIVAX Point X501: Телефон кој ќе ве придобие при првиот допир

VIVAX Point X501 е уред за кој при првиот поглед се гледа одличниот дизајн креиран да го создаде најдоброто корисничко искуство. Неговиот хардвер гарантира глатко функционирање на Android оперативниот систем. Секој сегмент од овој VIVAX уред цели кон овозможување на солидно мултимедијално и работно искуство. Цената е уште една одлична карактеристика која Хрватскиот бренд ја нуди на потрошувачите. VIVAX Point X501 може да се најде во бројни малопродажни места низ Македонија како Хенди, Нептун, Сетек, АМЦ и бројни други по препорачана цена од производителот за само 6.599 денари.


 
VIVAX Point X501 има проверен хардвер кој одлично функционира низ широк размер на уреди од овој тип. Телефонот има 5 инчен IPS екран во HD Резолуција од 1280х720 пиксели и зазема 67% од целиот телефон. Многу е погоден за користење и содржината на екранот е лесно воочлива. Воедно, со секој уред доаѓа и заштитна фолија која додатно го штити екранот од мали гребаници. Јачината на светлината достигнува до 238 Lux, што иако значи дека треба да се користи целата светлина на дневно светло, уредот е употреблив во сите услови.

Една од највоочливите карактеристики на VIVAX Point X501 е неговиот изглед и дизајн. Телефонот има пластично куќиште и метална рамка. Задниот дел од телефонот има изглед на избрусен метал кој му дава специфичен карактер и осет во раката. Задниот капак може да се извади и да се дојде до внатрешниот дел на телефонот каде е батеријата и местата за СИМ и мемориска картици. Димензиите на уредот се 143х71х8,5 милиметри и тежи 138 грама. Телефонот придобива при секој допир.



VIVAX Point X501 работи на 4 јадрен MediaTek MT6727 процесор кој во тандем со графичкиот Mali-T720 MP1 процесор овозможуваат солидни перформанси. Уредот има 16GB вградена внатрешна меморија и истата може да се зголеми преку мемориска картица до 128GB. Со 4G технологијата и брзината која ја овозможува овој телефон и високиот простор за меморија сега може да се складираат безброј фотографии и други елементи.
Телефонот на Хрватскиот бренд има 2 камери. Предната камера има 5 мегапиксели, а задната 13 мегапиксели. Двете камери се многу напреднати во однос на претходните уреди благодарение на Arcsoft софтверот. Најголемата разлика се гледа при selfie фотографиите и ноќните фотографии. Предната камера има и опции за препознавање и Beauty mode, функционира и со гестови и има HDR за ноќни фотографии. Со овие опции Selfie фотографиите се многу добри дури и во ниско осветлени услови. Задната камера има одличен блиц и автофокус и препознава лица, има Beauty mode, следи гестови и насмевки, HDR и слика во панорама.


 
VIVAX Point X501 е телефон кој е привлечен за сите кои сакаат со помал буџет да имаат уред со одличен изглед и солидни перформанси. Истиот може да се купи во две бои, црна и бела. За повеќе информации може да се посети официјалната Фејсбук страна на Vivax Македонија:
https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=ts

За да го најдете најблиското продажно место посетете го следниов линк:
https://www.facebook.com/notes/vivax-macedonia/vivax-продажни-места-на-мобилни-телефони/1321746767946125/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија