Студенти од универзитет во сибирскиот град Томск ќе го испратат првиот 'рчко во вселената. Станува збор за 'рчкото по име Хомка.
Целиот настан ќе се одвива во рамките на студентскиот бизнис-инкубатор на универзитетот за системи на управување и радиоелектроника. Се планира испраќањето на 'рчкото да биде есенва, а доколку никој претходно не испрати 'рчко во вселената, Хомка ќе биде првиот „астронаут“ од својот вид.
Никита Чебан, еден од иницијаторите на проектот, уверува дека Хомка безбедно ќе се врати на Земјата по престојот во вселената.
'Рчкото ќе биде ставен во стратосферски балон на висина од 20 километри. Летот ќе трае околу 90 минути, а животното ќе биде во капсула со атмосферски притисок кој е вообичаен за него.
Извор:
Studenti
Фото: Pixabay