X
 02.11.2017 Образование

Студенти од Машински дизајнираа печка на пелети на првиот „TeamWin“ натпревар



Студенти од Машински факултет, цел месец смислуваа инженерско решение на тема дизајн на печка на пелети, на првиот натпревар Team Win натпревар, кој се одржа во соработка со компанијата Раде Кончар – ТЕП.
- Натпреварот е насловен TeamWin со цел да се истакне начинот на работа во тимови. Целта на натпреварот беше да им се даде на студентите реален проблем, односно барање на инженерско решение од праксата, на кој тие работејќи еден месец во тимови, ќе предложат решение – вели Дарко Данев, деканот на Машински факултет.

Дванаесет тимови на студенти ги презентираа своите предлог решенија на темата Дизајн на печка на пелети, а дел и на слободната тема која им беше дадена како незадолжителна. Победничкиот тим GSW, кој дизајнираше интересен модел на печка освои награда во износ од 800 евра, втората награда е 500 евра, а третата 300. Три награди во иста вредност се доделени и на тимовите на слободната тема. Првонаградените дизајнирале резервоар за складирање и пренос на пелети, втората награда ја добил тим за проектот Lunchbox, а третиот тим дизајнирал калапи за леани делови од печката на пелети.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование