Наставниците во основните и во средните училишта и вработените во градинките
ќе добијат за 5% повисоки плати
. Ова е најавено во предлог-буџетот за 2018 година, кој е проектиран на 3,44 милијарди евра. Но, дали е ова доволно?
Ако се знае дека воспитувачките во градинките земаат плата од 18.000 денари, тие ќе добијат 900 денари. Наставниците во основните училишта во просек имаат плата од 20 до 25 илјади денари, што значи дека на сметка ќе им легнат 1.000 односно, 1.250 денари. Наставничкиот пленум веќе го изрази своето
незадоволство
од најавените пет проценти зголемени плати за просветните работници.
Со цел да дознаеме какво е расположението меѓу просветните работници околу најавеното покачување на платите и со колкав износ би биле задоволни, Факултети мк. спроведува онлајн-анкета. Ги замолуваме просветните работници да одговорат на следните прашања: