X
 22.11.2018 Образование

Училиште во Северна Дакота работи 4 дена во неделата: „Станавме подобри наставници!“

Училиште во Северна Дакота воведе 4-дневна работна недела од оваа учебна година и тоа се покажа како огромен успех.

За секој училиштен ден се додадени плус 35 минути, така што учениците учат од 8 часот до 15:45 часот.

- Беше заморно на почетокот - вели надзорникот Лесли Мекдоналд, но додава дека биле дадени дополнителни паузи во распоредот за децата на предучилишна возраст и за оние што оделе во градинка.

4 дена

Наставниците велат дека им се допаѓа дополнителното време вметнато во распоредот бидејќи имаат повеќе време да одговорат на прашањата од учениците и да завршат со лекциите. Во основно училиште дополнителното време значи дека областа не мора да ги скрати часовите по роботика или физичко образование или ликовно за учениците да се фокусираат на читање и математика.

- Наставниците колективно чувствуваат дека станале подобри наставници - вели Мекдоналд.

Кога првпат била дискутирана идејата пред неколку години, родителите биле загрижени поради трошокот за плаќање дневна нега за малите деца што нема да одат на училиште. Но, Мекдоналд вели дека училишната зграда е отворена и во петок. Учениците можат да ја посетуваат програмата наречена „Хај фајв лиг“, која обезбедува можности за збогатување на нивното знаење или можат да учествуваат во уште една активност наречена „Фрајдеј интервеншн тајм“ кога им е потребна дополнителна помош во учењето. Оваа програма ја спроведуваат наставниците, а „Хајф фајв“ ја спроведуваат асистентите на наставниците. Наставниците се плаќаат по час, ако одлучат да работат во петок.

Мекдоналд вели дека четиридневната работна недела ги покрива сите 1.050 контактни часови наставник-ученик за учебната година. Областа заштедува пари со четиридневната работна недела.

- Три дена во неделата воопшто не ги вклучуваме светлата - вели Мекдоналд.

Дури и во петок не се користат сите простории во училиштето, така што заштедуваат струја.

Мекдоналд вели дека оценките на учениците се подобрени со овие програми, а резултатите покажуваат дека учениците се подобрени за два поена, од 1,6 на 3,4 во еден квартал.

Наставниците ценат што имаат нормално работно време и што имаат повеќе време да се подготват за часовите наредната недела.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование