X
 07.11.2017 Живот

Прогноза за времето во Македонија во наредниот период

Денес е вторник, 7 ноември 2017 година, 311-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:07, а ќе зајде во 16:26 часот. Денот ќе трае 10 часа и 19 минути.

Во Македонија ова утро имаме облачно но и потопло време со температури кои што поради облачноста и јужното воздушно струење се повисоки во однос на претодните денови кои што ги имавме во овие утрински часови.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник ќе преовладува претежно облачно, ветровито и свежо време со пад на дневните температури. Локално можни се сосема слаби врнежи од дожд. Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежи од дожд се очекуваат во југозападните, западните и северозападните предели кои што во текот на ноќта вторник кон среда ќе се прошируваат и во останатите предели. Ќе дува доумерен засилчен југоисточен ветер со брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 3 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 осносно до 16 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно облачно, ветровито и свежо време. Кон крај на денот и во текот на ноќта вторник кон среда нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија ќе преовладува облачно време со интензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Количеството на наврнат дожд се очекува локално да надмине и над 30 литри. Минималните температури од 4 до 11 степени, додека пак дневните од 7 до 15 степени. Во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време. Утринските температури од 3 до 10 степени, а дневните од 9 до 17 степени. Во петок во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и релативно топло време за овој период од годината и дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени. Во сабота нова дестабилизација на времето, ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и пад на дневните температури кои што ќе достигнат до 6 односно до 14 степени, додека пак минималните ќе се движат од 3 до 10 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда облачно време со поинтензивни врнежи од дожд и дневна температура до 13 степени. Во петок претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне претежно сончево со појава на локална облачност и дневна температура до 15 степени. Во петок посвежо утро со утринска температура од 5 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и дневна температура до 16 степени. Во сабота облачно време со врнежи од дожд и свежо време со пад на дневната температура на максимални 12 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот