X
 19.06.2015 Живот

Временска прогноза за наредните 5 дена



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне развој на нестабилна облачност која што ќе донесе услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ветерот ќе ја намали брзината, сепак ќе дува доумерен северен и северозапададен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринските температури од 7 до 17 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне зголемување на облачноста и услови за сосема слаби врнежи од дожд.Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 14°C, а максималната дневна ќе достигне до 27°C. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота претпладне претежно сончево, во попладневните часови нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Во недела во раните утрински и во претпладневните часови се очекува нов бран на врнежи. Овие врнежи во попладневните часови ќе престанат и постепено разведрување. Во недела не очекува и пад на дневните температури кои ќе се спуштат до 15 односно до 25 степени.

Во понеделник претежно сончево со локална облачност и пораст на дневните температури кои ќе се движат од 19 до 29 степени. Во вторник сончево и потопло со максимални температури во интервал од 22 до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот