Фото: Profimedia
Апликацијата популарна помеѓу тинејџерите, се обидува да привлече поголем број корисници, а за таа цел „Снепчет“ планира да воведи редизајнирање со што работите би биле многу поедноставни на оваа социјална платформа.
Главниот човек на „Снепчет“, Еван Шпигел тврди дека редизајнот ќе се насочи исклучиво на приказните и оригиналните емисии, но ништо не кажа за кога е планиран. Судејќи според неофицијалните информации, надградбата треба да дојде на 4 декември и во апликацијата ќе се воведат неколку големи промени.
Иако самата апликација се врти околу камерата, таа повеќе нема да ги издвојува пораките и приказните во две различни категории. Наместо тоа, редизајнот целата комуникација ќе ја стави на левата страна. Ако повлечете со прстот десно, ќе ги добиете јавно финансираните приказни, како и содржината на медиумските партнери на „Снепчет“. Оваа секција треба да ги има и приказните на познатите.
Исто така, „Снепчет“ воведува алгоритми кои ќе помогнат видео содржините да бидат прилагодени по ваш вкус.
„Снап Инк.“ потврди дека пристигнува
надградбата, а во текот на објавата на приходите во вторникот даде до знаење дека на надградбата се работи интензивно.