X
 26.06.2015 Технологија

Како да избришете било која апликација на вашиот уред?

Сите оние кои користат Андроид, сигурно барем неколку пати кога погледнале во телефонот се запрашале: „Од каде по ѓаволите ги имам сите овие апликации?“

Најновите апликации и игри се инсталирани од нас, меѓутоа постојат и апликации за кои не се сеќаваме дека сме ги инсталирале или пак сме ги оставиле затоа што сме сметале дека некогаш ќе ни затребаат.

Колку повеќе непотребни апликации имате на уредот, толку повеќе простор ви одземаат, и секако мора да ги избришите. Ви нудиме неколку методи за брзо и лесно бришење на повеќе апликации.

1. Користете обичен метод

Првиот пристап можеби не е најефикасен, меѓутоа можеби некој сака да ги избриши на најобичен начин. За да го направите тоа постојат два методи: преку Application Manager или преку Google play store.

Аpplication manager

 

1


Секој уред е различен, меѓутоа сите вклучуваат некои видови на опции за апликации. Без разлика на името, во овие опции можете да видите целосна листа на апликациите на вашиот уред.

 

2


Кога ќе излезе опцијата Application manager, треба да можете да ги разликувате апликациите кои сте ги спуштиле (downloaded), апликациите кои моментално работат (running) и сите апликации (all). Одете на all за да добиете азбучна листа и да започнете да ги бришите апликациите една по една.

Google play store

 

2


Постои начин за бришење преку Google play store. Одете на апликацијата Google play store и на менито од левата страна за да влезете во апликациите.

Откако ќе видите листа на сите инсталирани апликации, само изберете ја апликацијата и притиснете „uninstall“. Вака треба да правите за секоја апликација што сакате да ја избришите.

 

3


2. Користете „File Explorer“

Сигурно имате „file manager“ кој го користите, најдобро би било да го искористите „ES File Explorer file manager“.

 

4


Користејќи го него, одете во менито од левата страна и притиснете ја „App“ опцијата за да можете да ги видите сите апликации на вашиот уред.

Кога сте на страната на апликациите, притиснете и задржете ја апликацијата за да започнете да бришите неколку апликации кои сакате да ги избришете. Потоа притиснете „Uninstall“ на панелчето подолу.

 

5


3. Користете апликација за бришење

Постојат илјадници апликации за бришење достапни на пазарот кои во основа ја имаат истата процедура. Така на пример, „Easy Uninstaller“ едноставно ги избира апликациите кои сакате да ги избришите и потоа треба да притиснете „Uninstall“.

 

6


4. Бришење или сокривање на апликации

Веројатно постојат некои апликации кои не сте ги користеле уште од првиот ден и сакате да ги избришите. Некои апликации можете да ги избришите, меѓутоа оние кои не можете, можете да ги сокриете.

За да исклучите некоја апликација на вашиот уред, погледнете го видеото подолу.

 

 

Доколку имате Samsung Galaxy, обидете се со овој различен водич.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија