X
 07.05.2020 Живот

Дизајнер создал ќебе што го гарантира социјалното дистанцирање при пикник

Доколку топлото време во последните недели покажува нешто, тоа е дека пандемијата нема да ги спречи луѓето да ги посетуваат парковите. Самото излегување не претставува проблем (освен за време на полицискиот час), но потребно е да се задржи и оддалеченоста помеѓу луѓето на овие места. Еден дизајнер размислувал на оваа тема кога работел на својот последен изум.

Станува збор за ќебе за социјално дистанцирање. Пол Коксеџ, еден од основачите на „Коксеџ студио“, го дизајнирал ќебето наменето за пикник кое има огромна дупка во средината. Поточно, тоа е круг кој треба да им помогне на луѓето да ја задржат дистанцата од 2 метра при пикник на отворено. Студиото нуди и бесплатна скица од ќебето за оние што сакаат сами да го направат.


Фото: Paul Cocksedge Studio

Некои земји целосно ги затворија парковите за време на пандемијата, но има експерти што велат дека шансите за заразување со вирусот на отворено се релативно мали доколку луѓето ја задржуваат препорачаната дистанца. Некои велат и дека придобивките од излегувањето надвор се поголеми во споредба со ризикот од заразување.

Автор: Лили Смит
Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот