Фото: Printscreen/Youtube
Минијатурниот автобус без возач кој требаше да вози низ улиците на Лас Вегас имаше „блиска средба“ со камион за доставување – само два часа откако за прв пат беше пуштен во сообраќај.
Секојдневната маршрута на автоматизираниот автобус била релативно едноставна – да превезува патници во радиус од околу 800 метри. За несреќа, особено на произведувачот и локалната управа, неговиот „прв работен ден“ завршил со свиткан браник и блага разочараност. Возилото е заеднички потфат на осигурителната компанија ААА (American Automolile Association) , превозната компанија „Келис“ и фнацуската техно-компанија „Наива“, известува „Индипендент“.
„Минибусот ја одработи својата задача и закочи навреме. Проблемот е што истото не го направи и камионот“, истакна портпаролот на Лас Вегас, Џејс Радке, додавајќи дека овај судир послужи како лекција која на развојниот тим ќе му помогне да го усоврши начинот на возење на автономните возила.
„Тоа е и целата поента на ова возило – да се тестира во вистински сообраќај, за да се види што ќе се случи при средба со вистински возила во движење и притоа да се корегираат бројни неточни варијабли“, заклучи Радке.
Екипата на „КСНВ Нујз 3“ била на местото на настанот. Еве како изгледаше целата случка:
Иднината на роботизираниот собраќај
Заради ниската брзина и добрата конструкција никој не настрадал при судирот, додека материјалната штета била занемарлива. Поголем проблем е дали ова ќе го охрабри или не развојот на слични проекти.
Воведувањето на автономни возила како овој автобус би требало да биде првиот чекор кон роботизација на целиот сообраќај кој, според стручното мислење се стреми кон што поголема безбедност и помал број жртви. Главниот аргумент на заговорниците на
автономни возила е отстранувањето на човечкиот фактор кој, според досегашното искуство , е клучен предизвикувач на сообраќајните несреќи.