Милијардерот Илон Маск веќе е познат по неговите ракети за повеќекратна употреба, машини за копање тунели, електрични автомобили и, секако, малечки подморници.
Сега, компанијата „Неуралинк“ (компанија што го олеснува преносот на податоци меѓу луѓето и компјутерите), која исто така е во сопственост на Маск, најави голема пресвртница: може да сними мозочна активност на стаорец со илјадници мали електроди имплантирани во невроните и синапсисот на стаорецот.
Следниот чекор е компанијата да добие одобрение од Управата за храна и лекови на САД и да почне со клинички испитувања на луѓето.
Целта би била компанијата да направи 8-милиметарски дупки во черепот на парализирани пациенти пред да вметне импланти низ дупките што би им овозможиле на луѓето да ги контролираат паметните телефони и компјутери само со мозокот.
- Многу луѓе го отпишаа тоа мислејќи дека е невозможно. Постојат многу работи што ќе станат достапни на ова поле во наредната деценија и тие треба да се сфатат сериозно - рече Маск.
Компанијата во моментов работи на технологија што може да се вгради во човечкиот мозок со многу помало влијание од другите мозочно-компјутерски технологии. Роботот ќе користи процес на машинско шиење за да ги вгради нишките во мозокот.
Маск рече дека технологијата е поврзана со наоѓањето начин да се постигне еден вид симбиоза со вештачката интелигенција.
- Ова не е нешто неопходно. Ова е нешто што можете да изберете да го имате ако сакате. Ова е нешто што мислам дека ќе биде важно на ниво на цивилизацијата - рече Маск.
Сепак, Маск признава дека технологијата е далеку од завршена. Тој додава дека „Неуралинк“ не сака да ги преземе мозоците на луѓето.
- Не дека одеднаш „Неуралинк“ ќе го преземе мозокот на луѓето - вели Маск.
Твитер-корисниците имаа измешани мислења за вестите на Маск.
- Возбуден сум да видам кој ќе биде сикофантот што ќе му овозможи на Илон Маск да му го дупчи черепот и да стави компјутер таму - вели еден твитер-корисник.
Други, пак, беа загрижени за технологијата.
- Како некој што продавал медицински помагала за хируршка операција на мозокот, сметам дека презентацијата на
Илон Маск дури не е на теренот на медицински помагала. Илон Маск е опасен и невнимателен со човечките животи.