„Јутјуб“ неодамна почна да објавува познати холивудски филмови кои корисниците можат да ги гледаат бесплатно.
Иако изборот не е голем, меѓу нив може да се најдат безвремени холивудски блокбастери како „Роки“ и „Терминатор“, но и познати комедии како „Легална русокоса“.
Корисниците на најголемата глобална веб-страница за дистрибуција на видеосодржини досега имаа можност да купат или да изнајмат филмови во дигитален формат преку услугите на „Гугл плеј мувис & ТВ“, а така купените филмови се појавуваат и на „Јутјуб“ доколку корисникот пристапува на двете услуги со ист профил.
Сега „Јутјуб“ почна да додава филмови што можат да се гледаат бесплатно. Бесплатните филмови содржат реклами преку кои се финансира услугата. Но, корисниците нема да можат да гледаат најнови холивудски филмови, туку постари.
Новата услуга стана достапна кон крајот на октомври, но засега само за корисниците во САД. Се очекува наскоро да биде проширена и во другите држави низ светот.
Претплатниците на „
Јутјуб премиум“ ќе имаат предност и ќе можат да гледаат филмови без да се прикажуваат реклами.